Мисија

Од самото име на здружението можат да се изведат некои заклучоци за целите на здружението. Нашите активности и проекти се насочени кон:

  • Подтикнување кон социоекономски развој на државата насочен кон Европска интеграција и демократски развој на земјата во сите полиња и во склад со глобалните промени и случувања во светот.
  • Подтикнување и промоција на користењето на чистите извори на енергија.
  • Енергетска ефикасност во комерцијални и резиденцијални објекти.
  • Заштита на околината.
  • Развој на алтернативен одржлив туризам.

За реализација на нашите цели ние имаме бројни проекти и активности кои ги преземаме во директна соработка со граѓаните, нашите членови и останати НВОа. Најчесто организираме јавни трибини, семинари, тркалезни маси, презентации, хумантирни акции, работилниции и сл.