18. 12. 2016.

Работилница

Здружението Глобал-Битола во рамките на Иницијативата за застапување и анимирање на јавноста за губење на правото на СПП на 17 ноември 2016 година одржа работилницата на тема:

„Губење на правото на социјална парична помош на корисниците кои се во социјален ризик“


Целта на оваа работилница беше да се информираат, едуцираат и мотивираат засегнатите страни и јавноста за давање на поддршка за покренување на иницијатива за промена и поништување на одредби од законот за Социјална заштита кои се во спротивност со Уставот на Република Македонија. На работилницата учествуваа 26 корисници на СПП и корисници кои го имаат изгубено тоа право за 6 или за 12 месеци. Учество зедоа и други НВО организации а им беше и понудена бесплатна правна помош за оние лица кои го имаа изгубено правото на социјална парична помош. Се дискутираше за проблемите кои се создаваат со сегашната законска регулатива и други законски мерки како и за последиците од ваквите одредби врз корисниците на социјална парична помош кои немаат финансиски средства за егзистенција а самите не можат да обезбедат работа од објективни причини. 


Исто така се дискутираше за долгорочно загрозување на нивната социјална состојба, недостиг од социјална правда и социјална сигурност како и за рушењето на човековите права. Корисниците имаа можност да ги пренесат своите проблеми и искуства на другите присутни корисници и релевантни фактори и преку своите лични приказни да влијаат врз јавноста. Воедно тие беа информирани за најновите законски мерки и документи за пријавување во декември 2016 за следната 2017 година. На крајот се дефинираа следните чекори и активности кои треба да се превземат за да влијаеме врз донесувањето на нов закон или промена на одредбите од сегашниот закон преку собирање на потписи за петиција и поднесување на преставка до Уставниот Суд на РМ. Иницијативата е поддржана од Фондацијата отворено општество.


Корисниците кои го имаат изгубено правото на СПП слободно можат да не побараат за да им помогнеме на следните контакти: 
е-маил global_bt@yahoo.com или контакт телефон: 075 575 088.

4. 11. 2016.

Гостување во емисија „За животот“

На 04 ноември 2016 година Томе Крстевски, претседателот на Здружението Глобал гостуваше во емисијата „За Животот“ која се емитуваше на 24 Вести, гостувањето можете да го проследите на овој линк.

Од гостувањето во емисијата.