18. 12. 2016.

Работилница

Здружението Глобал-Битола во рамките на Иницијативата за застапување и анимирање на јавноста за губење на правото на СПП на 17 ноември 2016 година одржа работилницата на тема:

„Губење на правото на социјална парична помош на корисниците кои се во социјален ризик“


Целта на оваа работилница беше да се информираат, едуцираат и мотивираат засегнатите страни и јавноста за давање на поддршка за покренување на иницијатива за промена и поништување на одредби од законот за Социјална заштита кои се во спротивност со Уставот на Република Македонија. На работилницата учествуваа 26 корисници на СПП и корисници кои го имаат изгубено тоа право за 6 или за 12 месеци. Учество зедоа и други НВО организации а им беше и понудена бесплатна правна помош за оние лица кои го имаа изгубено правото на социјална парична помош. Се дискутираше за проблемите кои се создаваат со сегашната законска регулатива и други законски мерки како и за последиците од ваквите одредби врз корисниците на социјална парична помош кои немаат финансиски средства за егзистенција а самите не можат да обезбедат работа од објективни причини. 


Исто така се дискутираше за долгорочно загрозување на нивната социјална состојба, недостиг од социјална правда и социјална сигурност како и за рушењето на човековите права. Корисниците имаа можност да ги пренесат своите проблеми и искуства на другите присутни корисници и релевантни фактори и преку своите лични приказни да влијаат врз јавноста. Воедно тие беа информирани за најновите законски мерки и документи за пријавување во декември 2016 за следната 2017 година. На крајот се дефинираа следните чекори и активности кои треба да се превземат за да влијаеме врз донесувањето на нов закон или промена на одредбите од сегашниот закон преку собирање на потписи за петиција и поднесување на преставка до Уставниот Суд на РМ. Иницијативата е поддржана од Фондацијата отворено општество.


Корисниците кои го имаат изгубено правото на СПП слободно можат да не побараат за да им помогнеме на следните контакти: 
е-маил global_bt@yahoo.com или контакт телефон: 075 575 088.