Социјала

Застапување и анимирање на јавноста за губење на правото на социјална парична помош


Социјалната парична помош е едно од правата кои се осигурани и со уставот на РМ но не секој може целосно да го има тоа право. Многу социјални случаи во нашиот регион го губат или го имале изгубено тоа право како резултат на социјална неправда направена од страна на институциите кои се задолжени да го спроведуваат тоа право и нормално во согласност со законот. Нашата земја во моментот го минува најнеправедниот и најдинамичниот период од опстојувањето опфатен со секојдневни и непредвидливи промени кои се штетни на сметка на обичниот граѓанин. Тие се борат секојдневно со сиромаштија и со недостиг на финансиски средства за задоволување на основните потреби од храна. Социјалната парична помош која ја земаат од државата е неадекватна, премногу е ниска дури можи да се речи и мизерна за да ги задоволи вистинските човечки потреби.

Тргнувајќи од овие причини нашата засегната група и нашиот фокус на интерес е насочен кон оваа маргинализирана група на социјално загрозени граѓани кои се оштетени од страна на државата по неколку основи. Покрај тоа што социјалната помош е ниска и мизерна во законот за социјална заштита постојат и такви против уставни и дискриминирачки одредби со кои тие можат да го загубат и правото на социјална парична помош во рок од 6-12 месеци. Такви одредби постојат во членови чл.50, чл.51, чл.52, чл.53, чл.54, чл.55 од Законот за социјална заштитаСметаме дека со ваквите членови и одредби напишани во законот се прекршуваат човековите права, тие се дискриминирачки и се косат со чл.34 и чл.35 од Уставот на РМ. 

Општа цел на нашата иницијативата е да предизвикаме промена на Законот за социјална заштита преку промена на јавното мислење кај граѓаните и подигање на нивната свест за проблемот. Од тука произлегува и нашата главна цел а воедно и проблем кој сакаме да го решиме а тоа е да се поништат одредбите од законот за социјална заштита кои се косат со правата дадени во Уставот на РМ со кои граѓаните можат да го загубат правото на социјална помош а при тоа немаат финансиски средства за егзистенција и не можат сами да обезбедат работа од објективни причини. Со тоа се руши нивната социјална сигурност, нема социјална правда, се прекршуваат нивните човекови права и е загрозен нивниот опстанок.

Во случајот конкретно нашата целна група се лицата кои примаат и кои го изгубиле правото на социјална парична помош и останати граѓани, Центар за социјални работи и други релевантни институции, НВО организации кои имаат слични интереси, медиумите, локалната самоуправа, Владата и Уставниот суд. За да ги реализираме нашите цели и да влијаеме врз донесувањето на нов закон или поништувањето на овие одредби од сегашниот законот ние ќе направиме истражување и собирање на податоци собрани од терен за состојбата со засегнатите страни и останата јавност која ке ни помогне да ја мобилизираме и едуцираме јавноста преку активности и кампања преку останатите електронски медиуми. 
Ние исто така ке ги застапуваме засегнатите страни до највисокиот орган односно Уставнот суд на РМ преку поднесување на  барање за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите и подготовка на докази и информации за јавноста изразени преку еден јавен документ наменет за подигање на свеста кај јавноста. 

Оваа иницијатива треба да ја подигни свеста кај јавноста и промени перцепцијата кај целната група за да можат да влијаат врз оние кои одлучуваат.

Нашето мото е: 
Нема социјална правда без почитување на човековите права и слободи.

Здружение Глобал ДОСЕР Битола