19. 10. 2012.

Добредојдовте на интернет страната на "Здружението за одржлив социоекономски развој Досер Глобал" од Битола. Овде ќе најдете основни информации за нашето здружение, нашите заложби, активности, тековни проекти и контакт информации.
Здружението Досер Глобал е здружение од отворен карактер спремно за соработка како со други здруженија така и со индивуалци спремни да земат учество во нашите активности и проекти.
Нашите активности и проекти се насочени кон развој и афирмација во  следните сфери: заштита на околината, имплементација на еко стандарди во менаџирање со сите видови отпад, развој на руралниот туризам (со особен осврт на под Пелистерскиот регион), промоција на користењето на чисти извори на енергија, енергетска ефикасност и тн. Досега имаме реализирано голем број на проекти и активности во содејство со Македонски како и странски организации и фондации. Во моментот сме дел од Балканската мрежа за застапување при управување со е - отпад.

Доколку имате некои прашања во врска со здружението слободно контактирајте не и ќе се обидеме да ви одговориме во најбрз можен рок.