Здружението Глобал-Битола во рамките на Иницијативата за застапување и анимирање на јавноста за губење на правото на СПП на 17 ноември 2016 година одржа работилницата на тема:
„Губење на правото на социјална парична помош на корисниците кои се во социјален ризик“
Целта на оваа работилница беше да се информираат, едуцираат и мотивираат засегнатите страни и јавноста за давање на поддршка за покренување на иницијатива за промена и поништување на одредби од законот за Социјална заштита кои се во спротивност со Уставот на Република Македонија. На работилницата учествуваа 26 корисници на СПП и корисници кои го имаат изгубено тоа право за 6 или за 12 месеци. Учество зедоа и други НВО организации а им беше и понудена бесплатна правна помош за оние лица кои го имаа изгубено правото на социјална парична помош. Се дискутираше за проблемите кои се создаваат со сегашната законска регулатива и други законски мерки како и за последиците од ваквите одредби врз корисниците на социјална парична помош кои немаат финансиски средства за егзистенција а самите не можат да обезбедат работа од објективни причини.
Корисниците кои го имаат изгубено правото на СПП слободно можат да не побараат за да им помогнеме на следните контакти:
е-маил global_bt@yahoo.com или контакт телефон: 075 575 088.
е-маил global_bt@yahoo.com или контакт телефон: 075 575 088.