Проекти


  • Во 2011 год здружението  реализираше дел од проектни активности на Балканскиот проектот ,,Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, кој е инициран и воден од Фондацијата Метаморфозис. Во нашите активности партнери се локалната самоуправа, јавниот сектор, училиштата , граѓаните, бизнис секторот и НВОи на локално, национално и меѓународно ниво. Активна соработка имаме и со голем број на локални претпријатија од производството и индустријата.

  • Во 2010 година ДОСЕР Глобал започна со реализација на проектот Заштеди на енергија и енергетска ефикасност  во кој целта на проектот беше подигање на свеста и капацитетот на граганите за енергетска ефикасност и користење на енергетски ефикасни и економски исплатливи технологии, материјали и обновливи извори на енергија во РМ проектот беше поддржан од Генералниот секретеријат при Влада на РМ.

  • Во 2007 г. го реализиравме проектот Профитабилен менаџмент со животната средина ,чија цел беше обука и јакнење на капацитетот на НВО, бизнис секторот и локалната власт ,преку подигање на свеста, промовирање и демонстрирање на практичен и одржлив начин на производство и добро домакинско работење а како услов за конкурентност на пазарот и пристап кон Европската интеграција на Република Македонија. Проектот беше поддржан од МЖСПП на РМ.

  • Здружението ЗУР Македонски Ракотворби е повеќегодишен наш партнер со кои соработуваме на проекти за развој на алтернативниот туризам во градот и селата во околината.