За Нас

Здружението "Движење за одржлив социоекономски развој Досер Глобал"  е невладина, независна и непрофитна организација  формирана во 2005 година по иницијатива на искусни членови кои предходно биле активни во граѓанските здруженија  и невработени интелектуалци кои се здружуваат за остварување на зацртаните цели на организацијата.
Од самото име на здружението можат да се забележат и нашите цели: Потикнување кон социоекономски развој на државата насочен кон Европската интеграција  и демократски развој на земјата во сите полиња и во склад со глобалните промени и случувања во светот.За реализација на нашите цели ние преземаме ненасилни методи на акција со директно учество на граганите и јакнење на капацитетот на НВО сектор во регионот. Тоа го правиме преку изведба на:
  • проекти, директни акции, кампањи
  • одржување на јавни трибини, семинари, тркалезни маси
  • лобирање, организирање на походи, хуманитарни акции, работни акции на волонтерска основа
  • промовирање  и печатење на едукативни и информативни материјали  
  • соработка со други невладини организации, бизнис асоцијации и  локалната самоуправа.
Здружението Досер Глобал има членови од различни профили со  познавања во области од интерес на нашата организација како што се развој на руралниот туризам во подпелистерскиот регион и вмрежување на домакинствта кои сакаат да развиваат ваков туризам .Од овие причини дел од нашите активности се фокусирани на промоција и развој на одржлив алтернативен туризам во регионот и изградба на инфраструктура за привлекување на туристи (изградба на  патеки,рекреативни места за одмор,чешми,заштита и обнова на природните извори и биодиверзитетот итн.)